„Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Жените во светот на претприемништвото

Жените претставуват еден голем и значаен дел од светската популација, со несомнено големо влијание во сеопфатното општество. Ако мажите претставуват кров на една куќа, тогаш несомнено жените претставуваат темел на таа куќа.

Нивното влијание на сите нас ни е потполно јасно, но ние тука ќе се позанимаваме со однесувањете на жените во професионална смисла.

Доколку жените се набљудуваат во професионална смисла, може да се забележат големи постигнувања во секоје подрачје. Па, мора да се констатира дека во светските рамки влианието на жените континуирано расте. Одредени сектори кои до вчера како да беа резервирани само за машките се повеќе ги заземат жените. Да ги анализираме неколку позначајни сегменти во општеството:


  • Науката. Има се повеќе жени кои се јавуваат како добитниците на нобеловата награда од сите области на науката како: физика, литература…, што представува големо признание во светот на науката.
  • Спортот. Жените постигнуваат се позначајни резултати во различните спортски дисциплини. Освојуваат и спортови кои до вчера беа резервирани за машките (фудбал, кошарка…). Нивните натпревари стануваат се поинтересни. Се јавуваат повеќе гледачи, како на натпреварите така и пред екраните, што привлекува повеќе спонзори. Со поголеми спонзорства се очекуваа поголеми финансиски резултати, а со тоа се отвара перспектива за уште поголем развој на женскиот спорт.
  • Политика. Во овој сегмент жените влегувале внимателно. Како прво им било потребно да добијат право на гласање. Потоа истакнувале по некоја кандидатка за политичка функција, што во некои случаи се работело повеќе за маркентиншки трик отколку за реална желба да се вклучат жените во политика. Понатаму жените се повеќе ја согледуваат своја моќ која ја имаат како гласачко тело (бидејки популацијата на жените во голем број на земјите е поголем од мажите, што може да се должи на загуби на машката популација во одредени војни или од некоја друга причина, а исто така жените се подисциплинирани и имаат поголема излезност на изборите) па се кандидираат се поголем број на жени дури и за најодговорни позиции во државата. Па, сега веќе има жени кои станале претседатели на држави, премиери, министри… Почнувајки од канцеларката на Германија, секретарките во Стејт Департментот, потпреседателката на Кинеската влада . Ова претставуваат едни од поугледни позиции кои жените ги завземат во најмоќни држави на светот. Секако дека има и други влијателни жени на функциите но ние како пример наведовме неколку.
  • Бизнис. Се поголем е бројот на жените претприемачи, кои успешно работат и остваруваат приход во до вчера машкиот сектор бизнис.

Со овa заклучуваме дека жените не се само предодредене да бидат мајки, сопруги… туку континуирано влегуват во сите пори на општеството. Секако дека овие светли примери не се однесуват на секоја земја во светот. Има држави кои ги стават жените во много неповолна положба, дури од наш агол гледано во положбата на робови, каде им се скратени сите права од едукација, политика, спорт, музика…

Превземено од: http://www.entrepreneur.mk/

М-р Илија Чубровиќ и м-р Драган Шутевски