„Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Завршна конференција на проектот ,,Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации (InnoSupport)”

Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади во партнерство со Фондација за Менаџмент и Индустриско Истражување и АРК Фонд организираат завршна конференција на проектот ,,Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации (InnoSupport)”, финансиран од Европската унија. Оваа конференција ќе се одржи на 06 јуни 2019 година со почеток во 10:30 часот во ЕУ Инфо центар.

Проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од ЕУ има за цел да придонесе кон креирање на силна иновациска клима во државата преку промовирање на концептот на иновативни бизниси. Преку пакет алатки развиен во рамки на проектот целта е да се постигне подобрување на конкурентноста на малите и средни претпријатија и да се стимулираат нивните капацитети за преземање и реализација на иновациски проекти.

Завршната конференција ќе содржи 2 панел дискусии каде претставници од различни институции, компании и организации  ќе споделат свои искуства и информации на две теми. Првата панел дискусија ќе биде на следната тема: ,,Интерни и екстерни предизвици за развојот на иновации”, а втората панел дискусија ќе биде на тема: ,,Иновациите – перспектива за економскиот развој”.

Преку оваа конференција ќе се поттикне дискусија помеѓу присутните претставници од различни институции, компании и организации како и ќе бидат запишани заклучоци за подобрување на овие тематики кои ќе бидат споделени до пошироката јавност. На завршната конференција ќе земат присуство повеќе од 50 учесници од целата држава.

Се повикуваат сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат на манифестацијата да се регистрираат на следнава форма.

 

Драфт агенда

10:30 Пристигнување и пријавување
11:00 Поздравно обраќање

Кратка презентација на проектот и постигнатите резултати

ПСМ Фондација
11:30 Панел дискусија (1)

„Интерни и екстерни предизвици за развојот на иновации“

Претставници на компании, учесници на националниот натпревар „Иновативно претпријатие на годината 2019”
12:15 Панел дискусија (2)

„Иновациите – перспектива за економскиот развој”

Претставници на иновацискиот еко-систем
13:00 Коктел & вмрежување