„Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Електронски билтени

Електронски билтени кои излегуваат на месечно ниво а содржат вести за активностите на проектот и членките на Национален совет за женско претприемништво, настани, работилници и обуки за градење капацитети, повици за аплицирање, успешни пракси од граѓанските организации, извештаи од истражувања и многу други корисни информации.

 

 

Прв билтен – април : На 19ти декември 2017 започна имплементација на проектот ” Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика”

Втор билтен – мај: На 11-ти мај 2018 (петок), во просториите на Фондација за менаџмент и индустриско истражување, се одржа првиот состанок на Национален совет за женско претприемништво.

Трет билтен – јуни: На 01.06.2018 година во просториите на хотел “Порта” во Скопје  беше организирана јавна расправа на темата Дали постои клима за развој на женско претприемништво?

Четврти билтен – јули: Креиран е првиот веб портал за женско претприемништво кој придонесува за олеснување на размена на информации, најдобри практики и on–line консултации

Петти билтен – септември: Одржана тркалезна маса на тема Можност за претприемништво, мерки и програми за поддршка?

Шестти билтен – октомври: Одржана тркалезна маса на тема Едукација – линк со претприемништво

Седми билтен – ноември : Вклучи се и биди дел од Финалната конференција за вмрежување  на тема:  „Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ“ 19-20 ноември 2018 година во Холидеј Инн

 

Осми билтен – декември : Дводневна конференција за вмрежување на тема „Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ” беше одржана во Скопје на 19ти и 20ти ноември 2018 година во Холидеј Инн

 

Деветти билтен – декември : Настани реализирани оваа година дел од проектот “Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика”

Веб банери

Веб банери кои служат за промоција на проектот, проектните резултати и запознавање на таргет групите со активностите кои се реализираат како дел од проектот

 

Прв веб банер за месец април

 

Прв банер за промоција на социјални мрежи

 

Втор веб банер за месец мај

 

Трет веб банер за месец јуни

 

Четврти веб банер за месец јули

 

Втор банер за промоција на социјални мрежи

 

Петти веб банер за месец август

 

Шестти веб банер за месец септември

 

Трети банер за промоција на социјални мрежи

 

Седми веб банер за месец октомври

 

Четвртти банер за промоција на социјални мрежи

 

Осми веб банер за месец ноември

 

Петти банер за промоција на социјални мрежи

 

Деветти веб банер за месец декември

 

Шестти банер за промоција на социјални мрежи

Важни документи
Важни документи (економски анализи, водичи, брошури, стратегии...)

Целта на овој извештај е да ги презентира наодите и препораките од истражувачката студија за трансфер на технологии, спроведена како длабинска анализа на моменталните состојби во земјата. Во првиот дел извештајот прави осврт на концептот на трансфер на технологија, со посебен нагласок на карактеристиките и нормативните барања за процесот на трансфер на технологија. Анализата на националните состојби со трансферот на технологии ги зема предвид моменталните состојби во претприемачкиот сектор, ја анализира националната правна рамка за трансфер на технологија, како и националната институционална рамка за трансфер на технологија. Третиот дел од извештајот нуди преглед на препораките за креирање на ефективни политики за технолошки развој, при што е направен осврт на можностите за подобрување на трансферот на знаење помеѓу академската средина и индустријата, на препораките за формулирање на ефективни јавни политики за трансфер на технологии развиени од страна на приватниот сектор, како и на одредени насоки за унапредување на состојбите со човечкиот капитал како еден од носечките фактори за успешен процес на трансфер на технологија.

Извештајот од истражувачката студија за трансфер на технологии е изработена во рамки на проектот ,,Промовирање на соработката меѓу истражувачките организации и бизнис секторот преку градење капацитети за трансфер на технологии”, кофинансиран од Министерство за економија на Република Северна Македонија. Проектот е имплементиран од Фондација за менаџмент и индустриско истражување.

Јавните политики во доменот на иновациите и технолошкиот развој се соочени со низа предизвици, вклучувајќи го решавањето на слабата економска структура, ниското ниво на продуктивност, јазот меѓу образовниот систем и пазарот на труд, високите нивоа на задолженост и невработеност, недоволно развиените врски во моделот на троен хеликс, недостатокот на иновациска и истражувачка дејност, недостатокот на вештини и капацитет за апсорпција на нови технологии.
Во овој документ се претставени заклучоците и препораките од спроведената истражувачка студија за трансфер на технологии што се фокусираше на развојните потенцијали, предизвици и трендови, како и на чинителите од иновацискиот еко-систем и нивните тековни активности. Препораките и наодите од студијата се наменети за креаторите на јавните политики засегнати со унапредувањето на соработката меѓу индустријата и академскиот сектор, со креирањето услови за подобар трансфер на технологии кон приватниот сектор и од него, како и со унапредувањето на човечкиот капитал како главен носител и двигател на технолошкиот развој во една земја.

Кратката анализа е изработена во рамки на проектот ,,Промовирање на соработката меѓу истражувачките организации и бизнис секторот преку градење капацитети за трансфер на технологии”, кофинансиран од Министерство за економија на Република Северна Македонија. Проектот е имплементиран од Фондација за менаџмент и индустриско истражување.

 

 

Целта на овој прирачник е да ги анализира некои од основните прашања поврзани со трансферот на технологии. Прирачникот е составен од извршно резиме, четири дела и заклучок. Во првиот дел се анализирани поимот, видовите, улогите и основните карактеристики на процесот на трансфер на технологија, како и поврзаноста на иновациите и трансферот на технологии. Вториот дел е посветен на универзитетскиот трансфер на технологии со нагласок на центрите за трансфер на технологии и одредени поими од полето на интелектуалната сопственост. Во третиот дел на прирачникот претставени подетално се фазите на процесот на трансфер на технологија – од пронајдок до комерцијализација. Последниот дел презентира селектирани добри практики од областа на трансферот на технологии од паневропски и национални размери, со особен фокус на практики на европските земји, вклучувајќи ги практиките на земјите од регионот и нашата земја. Заклучокот дава сублимиран преглед на процесот на трансфер на технологии и универзитетскиот трансфер на технологии, а е заокружен со издвојување на неколку релевантни дефиниции од областа на трансферот на технологии.

Прирачникот е изработен во рамки на проектот ,,Промовирање на соработката меѓу истражувачките организации и бизнис секторот преку градење капацитети за трансфер на технологии”, кофинансиран од Министерство за економија на Република Северна Македонија. Проектот е имплементиран од Фондација за менаџмент и индустриско истражување.

Креирана е бесплатната мобилна апликација „ИноБиз“ која има за цел да им помогне на македонските компании да пронајдат странски партнери за бизнис соработка, трансфер на технологии и учество во проекти за истражување и развој. Ова апликација е изработена како дел од проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“ кој се имплементира од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР).

Компаниите преку мобилната апликација ќе бидат во тек со сите случувања во областа на иновациите и технолошкиот развој, ќе добиваат известувања за отворени повици за финансирање, барања од странски компании за соработка како и можности за учество на конференции и настани за вмрежување. Покрај тоа, апликацијата содржи и ресурсен центар кој ќе им понуди на компаниите корисни содржини за подигнување на нивните капацитети за иновации како и можност за проценка на степенот на технолошка подготвеност преку прашалникот за технолошки аудит.

Проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“ е финансиран од Европската Унија и имплементиран од страна на Фондација за Претприемачки сервис за млади (ПСМ) во партнерство со МИР Фондација и АРК Фонд од Бугарија и има за цел да придонесе кон креирање на силна иновациска клима во државата преку промовирање на концептот на иновативни бизниси.

Мобилната апликација е достапна за Android и iPhone мобилни телефони и може да се симне од следниве линкови:

https://play.google.com/store/apps/details?id=com.innomsp.eumk (Android)

https://itunes.apple.com/us/app/inno-msp-mk/id1439369459?mt=8 (iPhone)

 

Овој онлајн курс е наменет пред се за претставниците на граѓанските oрганизации кои сакаат да се запознаат со процесите на креирање јавни политики воопшто и поконкретно, моделот и праксата на креирање јавни политики во Република Македонија. Поаѓа од основните дефиниции на терминот јавна политика, преку процесот и циклусот на креирање јавни политики во државата, начелата кон кои треба да се придржуваат политиките, како и дефинирањето и определувањето на инструментите, чинителите и засегнатите групи во процесот.

Курсот „Придонес во развојот и следењето на спроведувањето на јавната политика“ е креиран во состав на проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“ финансиран од Европската Унија. Проектот е имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – координатор на проектот во партнерство со Здружението на бизнис жени  и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.

За да го следите курсот потребно е претходно да се регистрирате на следната платформа

 www.pretpriemacedu.mk.

 

 

Овој онлајн курс е наменет пред се за претставниците на граѓанските организации кои сакаат да се запознаат со процесот на родова интеграција во јавните политики воопшто и поконкретно во јавните буџети. Се состои од три дела: основни родови концепти и поими, родова интеграција во политиките и програмите на локално ниво и родово одговорно буџетирање.

Курсот „Развој на родово сензитивни политики вклучувајќи и родово сензитивно буџетирање“ е креиран во состав на проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“ финансиран од Европската Унија. Проектот е имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – координатор на проектот во партнерство со Здружението на бизнис жени  и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.

За да го следите курсот потребно е претходно да се регистрирате на следната платформа 

www.pretpriemacedu.mk.

 

 

 

Овој водич дава слика за улогата на граѓанските организации за развојот на современите општества, ги појаснува теоретските концепти на процесот на креирање на јавни политики и ги потенцира главните аспекти на партиципативното учество на креирање на политики, со осврт на чекорите и алатките, кои треба да ги применуваат граѓанските oрганизации во развојот на јавните политики.

Во водичот се наведени правните рамки за развој на политики, придобивките и ризиците од партиципативното учество, како и начелата кои треба да се почитуваат во процесот на развој на политики.

 

 

Учеството на жените во бизнис активностите го трансформира квалитетот и структурата на работната сила и општеството во целина

Неопходност за промена на “mind set” на мажи и жени за важноста и придобивките од женското претпримеништво

Иако жените се повисоко образовани од мажите, и за време на своите студии покажуваат поголеми претприменички иницијативи во споредба со колегите од машки пол, подоцна кога жените ќе оформат фамилија, нивните претпримнички активности почнуваат да се намалуваат или стагнираат.

Лицата кои поминуваат низ претприемнички програми и активности имаат поактивен претприемачки став

Кај жените постои интерес за обуки и практиканство, но не се доволно охрабрени за започнување на бизнис

Сеуште постои голема потреба за зголемување на свеста за женското претпримеништво

Со цел зголемување на женското претприемништво неопходна е повеќестрана соработка и взаемно поврзани политики

 

 

 

Европската Унија верува дека претприемачкиот талент на жените може да го зајакне нејзинот напредок, и затоа уште од 1980 –тите Европа обезбедува практична поддршка за жените што сакаат да започнат сопствен бизнис.

Економското зајакнување на жените е камен-темелник на Агендата за одржлив развој од 2030 година на Обединетите нации.


 

 

 

 

 

Денес, улогата на жената во претприемништвото станува видлива и се позначајна во сите економии. Според ГЕМ извештајот 2016/20171 во 2016 година, околу 163 милиони жени започнаа или работат на нови бизниси во 74 економии ширум светот. Покрај тоа, околу 111 милиони работат на воспоставени бизниси.

Ова не само што го покажува влијанието на жени претприемачи од целиот свет, но го нагласува нивниот придонес кон растот и благосостојбата на нивните општества.

Жените претприемачи обезбедуваат приходи за нивните семејства, вработување за нивните заедници и производи и услуги кои носат нова вредност на светот околу нив.


 

 

 

 

Националниот совет за женско претприемништво (НСЖП) е прв и единствен совет за женско претприемништво кој делува на национално ниво, формиран преку проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“ – WE Contribute. Спроведувањето на анкетите и изготвениот извештај се дел од фидбек механизмот на советот кој ќе допринесе кон идентификување и препорачување на решенија за прашања од клучно значење за развојот на женското претприемништво во земјата.

 

Истражувањето на потребите на граѓанските организации е направено преку дистрибуирање на прашалник (Анекс 1) до над 80 граѓански организации идентификувани во рамки на процесот на анализа на чинители за Поглавје 20.
Во овој документ се претставени сумарните резултати од анализата на одговорите доставени од страна на 48 граѓански организации. Истите ќе помогнат при процесот на планирање на активностите за градење на капацитети, при дефинирање на областите за делување на платформата Поглавје 20, како и при утврдување на структурата на ресурсен центар.


 

 

 

 

Изработката на оваа публикација произлегува од потребата за запознавање и подигање на свеста за значењето и структурата на Поглавје 20, со цел адекватно вклучување на релевантните чинители во реформскиот процес.


 

 

 

 

Истражување за состојбата на младите на локално ниво и ефективноста на дијалогот помежу општините и граѓанските организации


 

 

 

 

 

Ова истражување се состои од анализа и евалуација на потребите и предизвиците со кои се соочуваат младите претприемачи во Република Македонија.


 

 

 

 

Национална стратегија за мали и средни претпријатија (2018-2023)


 

 

 

 

 

Стратегија за претприемачко учење во Република Македонија 2014-2020


 

Кратки политички анализи на јавни политики (policy brief) и видеа

Проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“, се имплементира од страна на Фондација за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружение на бизнис жени и ГТФ – Иницијатива за одржлив раст од Хрватска. Една од активностите на проектот што е во линија и со акцискиот план на НСЖП е креирање на видео насловено како “Жените претприемачи прашуваат” каде жени претприемачи поставуваат прашања важни за нивните бизниси и генерално за унапредување на состојбите во женското претприемништво а одговорите ги претставници од релевантните министерства и други национални институции кои делуваат во наведените области.

 

 

Презентација на реализирани активности дел од проектот We-Contribute и промоција на финална конференција за вмрежување на тема Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ на Телма во емисијата Утринска на Телма

 

 

 

Презентација на реализирани активности дел од проектот We-Contribute и промоција на финална конференција за вмрежување на тема Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ на МРТ 1 во емисијата Македонија наутро

 

 

 

 

Во Македонија се забележуваат одредени напори за придвижување на женското претприемништво. Најактивни во овој сегмент се одредени бизнис здруженија и организации, кои се обидуваат да ја активираат повеќе жената во економија, но во целиот процес неодстасува сеопфатна институционална поддршка. Во текот на 2018 година се одржаа повеќе од 20 тркалезни маси на теми за женското претприемништво, се формира Национален совет за женско претприемништво, се креира портал со информации поврзани со женското претприемништво, се одржуваат инспиративни стории и конференции, се реализираат различни обуки за зголемување на вештините на жените претпримачи, во тек е постапката за формирање на Национален кластер за женско претприемништво и се очекува увојување на Национална стратегија за развој на женското претприемништво.


 

 

 

 

Анализите во Македонија потврдуваат дека сеуште eгзистираат големи родови разлики во претприемништвото. Женското претприемништво во земјата се движи во границите од 23% до 29 % во последните години, и тоа по 2013 година со тенденција на намалување незначително зголемување во 2015 (24.8%) и 2016 година (24.9%). Најчесто жените претприемачи се присутни во микро претпријатијата.


 

 

 

 

Јавната расправа е дел од активностите на проектот “Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (WE – Contribute)”. Проектот е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Фондација за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружение на бизнис жени и ГТФ Иницијатива за одржлив раст.


 

 

 

 

Прашањето на женско претприемништво и нивото на вклученост на жените во претприемништво и на пазарот на трудот, е предизвик за економиите на сите земји, посебно во регионот, во земјите на Југоисточна Европа.
За таа цел, беше одржана трибина со бизнис‐коктел, на тема „Жените претприемачки заедно за успех – што ни е потребно на патот наречен претприемништво?“ како дел од промотивната кампања „И јас сум претприемач“ и одбележување на Светскиот ден на  жената претприемачка, во хотел Мериот, Скопје, на 17-ти ноември 2017, во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската Унија.


 

 

 

 

Проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, вижечка сила за добри меѓуетнички односи“ има цел да ги мобилизира младите претприемачи и соодветните ГО околу темата за младинско претприемништво како една неутрална платформа за унапредување на меѓуетничките односи во општеството. За таа цел ќе се искористат  капацитетите и потенцијалот на мрежата на младински ГО (Мрежа за поддршка на млади претприемачи – YESNetwork) основана во 2014 година со поврзување на над 40 ГО од сите региони и етнички заедници на земјата. Во тесна консултација со членките на мрежата и избрани единици на локална самоуправа (Пробиштип, Куманово, Старо Нагоричане, Гази Баба, Кисела Вода, Чашка, Аеродром и Теарце), внимателно ги утврдивме насоките за имплементација на овој проект.


 

 

 

Документарниот филм „И јас сум претприемач“ е дел од истоимената кампања за зголемување на мултиетничката соработка преку промоција на претприемништвото, вмрежување на претприемачите и останатите релевантни чинители, како и споделување успешни локални искуства.

Во снимањето на филмот, учествуваа 11 претприемачи од различно етничко потекло, 10 претставници на граѓанскиот сектор кои спроведоа локални акции за нивна поддршка и 2 претставници на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската унија.

Филмот беше премиерно прикажан на 13-ти ноември 2017, во Кинотека на Македонија, во Скопје, како дел од третиот настан за вмрежување од кампањата „И јас сум претприемач“. Сите активности се дел од проектот „Заедно за успех“, имплементиран од Фондација Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Фондација Евро Центар и Здружение на граѓани „Милениум“. За повеќе информација посетете ја Мрежата за поддршка на млади претприемачи: www.yes-network.org

Документарниот филм може да го погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=00e4R_t0oI0


 

 

 

Документ за политики (Policy brief), кој произлезе од реализацијата на проектот „Креирање на поволен деловен амбиент и обезбедување подобра системска поддршка на претпријатијата во сопственост на жени“, финансиран од Европската Унијам, во периодот 01.02.-31.07.2018 година. Проектот беше имплементиран од страна на Здружение на бизнис жени.


 

 

Жените претприемачки говорат за своите успеси, предизвици и мотивација за водење бизнис! Проектот – WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност е финансиран од Европската Унија а го имплементираат ГТФ иницијатива за одржлив раст и Здружение на бизнис жени


Погледнете ги видеата на:
https://www.youtube.com/channel/UC0GSxBQCJvA0by-XbUpTHLA/videos

 

 

Што е мониторинг и евалуација на политики? Кои се алатките и индикаторите за мониторинг и евалуација? Како граѓанските организации да ги согледаат вистинските ефекти од спроведувањето на јавните политики? Ова едукативно видео е дел од активностите на првата национална платформа за претпријатија и индустриска политика „Поглавје 20“. Видеото е дел од 6-те едукативни видеа кои обработуваат клучни теми поврзани со преговарачкото Поглавје 20.

Што се иновации и иновациски политики? Кои се иновациските инструменти и политики на ЕУ? Како се дизајнира иновациска политика за МСП и што е интелектуална сопственост? Ова едукативно видео е дел од активностите на првата национална платформа за претпријатија и индустриска политика „Поглавје 20“. Видеото е дел од 6-те едукативни видеа кои обработуваат клучни теми поврзани со преговарачкото Поглавје 20.

Зошто е важен истражувачкиот процес при креирање на политики? Кои се методите и техниките за прибирање на податоци? Како се креираат документи за јавни политики? Ова едукативно видео е дел од активностите на првата национална платформа за претпријатија и индустриска политика „Поглавје 20“. Видеото е дел од 6-те едукативни видеа кои обработуваат клучни теми поврзани со преговарачкото Поглавје 20.

Што е стратегија за паметна специјализација? Како да се започне со дизајнирање на стратегија за паметна специјализација? Од анализа, до дефинирање на приоритети и имплементација на стратегијата за паметна специјализација. Ова едукативно видео е дел од активностите на првата национална платформа за претпријатија и индустриска политика „Поглавје 20“. Видеото е дел од 6-те едукативни видеа кои обработуваат клучни теми поврзани со преговарачкото Поглавје 20.

Што е циркуларна економија? Кои се политиките на Европската Унија за циркуларна економија? Како се мери циркуларноста, кои се индикатори и бизнис модели? Ова едукативно видео е дел од активностите на првата национална платформа за претпријатија и индустриска политика „Поглавје 20“. Видеото е дел од 6-те едукативни видеа кои обработуваат клучни теми поврзани со преговарачкото Поглавје 20.

Што претставува индустриската политика? Каква е индустриската политика на ЕУ и на национално ниво? Водени од европската перспектива со цел да ги исполниме критериумите за пристапување во Европската Унија, индустрискиот развој и конкурентноста на компаниите и иновациите стануваат се поважни теми за нашата држава. Ова едукативно видео е дел од активностите на првата национална платформа за претпријатија и индустриска политика „Поглавје 20“. Видеото е дел од 6-те едукативни видеа кои обработуваат клучни теми поврзани со преговарачкото Поглавје 20.