„Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Проектниот тим на WE Contribute одржа партнерски состанок

Партнерскиот конзорциум составен од претставниците на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, Здружение на бизнис жени и ГТФ – Иницијативата за одржлив раст од Хрватска,  одржаа состанок за планирање на активностите во рамки на проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute)” , поддржан од Европската унија.


 

Проектниот тим разговараше за следните чекори кон реализација на претстојните активности и остварување на проектните цели. Во следниот период во фокус ќе биде подготовката на тренинг програми за граѓански организации на теми Придонес во развојот и следењето на спроведувањето на јавната политика и Развој на родово сензитивни политики вклучувајќи и родово сензитивно буџетирање. Тренинг програмите ќе биде подготвени од страна на искусни експерти претставувајќи основа за обука на претставници од 30 граѓански организации. Обуките ќе се реализираат во месец октомври 2018 година.


Сите поврзани информации во врска со проектните активности ќе бидат тековно објавувани преку веб страницата на Национален совет за женско претприемништво  www.wecontribute.mk.


 

Во октомври ќе биде реализирана и тркалезна маса на тема проектот „Едукација – линк со претприемништво” каде учество ќе земат претставници од различни организации и институции. Партнерите се договорија за бројот на учесниците како и презентерите кои ќе бидат дел на овој настан за успешно и навремено спроведување на активностите.