„Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Обука на тема Развој на родово сензитивни политики вклучувајќи родово сензитивно буџетирање

На 30-ти октомври 2018 (вторник), во Хотел Александар II во Скопје со почеток од 09 часот, беше одржана обука на тема Развој на родово сензитивни политики вклучувајќи родово сензитивно буџетирање  дел од проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute). Проектот се имплементира од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.

На настанот учествуваат учесници, претставници од граѓанскиот сектор. Целта на обуката е да се запознаат учесниците со основните теоретски концепти и алатки за воведување родова перспектива во јавните политики и буџети. Во зависност од претходното искуство и стекнатото знаење, очекувањата и потребите на учесниците, обуката  им овозможува на учесниците да се запознаат со основите на родовата рамноправност, влијанието на јавните политики врз родовата рамноправност и начините да се работи на постигнување и промовирање на родовата рамноправност преку јавните политики и буџети, на централно и на локално ниво. Преку практични примери и интерактивна дискусија меѓу обучувачките и учесниците  се работи на утврдување на конкретни насоки и начини како граѓанските организации може да влијаат процесот на буџетирање да стане родово одговорен, за да одговори на потребите и на мажите и на жените.

 


Обучувачки на оваа обука се  : Др. Марија Ристеска и М-р Ана Блажеска