„Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

ЗА СОВЕТОТ

Националниот совет за женско претприемништво (НСЖП) е прв и единствен совет за женско претприемништво кој делува на национално ниво, формиран преку проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“ – WE Contribute. Има за цел да обезбеди неопходна основа за влијание врз севкупниот развој на женското претприемништво во земјата, вклучувајќи ги и процесите на интеграција во ЕУ преку воведување на ефективен механизам за консултации, застапување и влијание.

НСЖП е доброволно, неформално обединување на активни актери од граѓанскиот сектор, креатори на политики и релевантни институции кои дејствуваат во областите на женско претприемништво. Советот е задолжен за идентификување и препорачување на решенија за прашања кои се од клучно значење за развојот на женското претприемништво во земјата, за да се создаде синергија на квалитетот и влијанието на силната застапеност на интересите на жените претприемачи пред засегнатите страни на законодавната и извршна власт.

Советот, исто така, има за цел да промовира примери на добри практики, да обезбеди подобра координација на активностите поврзани со прашањата за женското претприемништво, да ги следи документите и законодавството за женското претприемништво, да споделува и развива образовни програми и канали за информирање на важни настани во областа на женското претприемништво и да овозможат мрежно поврзување на жените претприемачи на национално и меѓународно ниво.