„Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Жени претприемачи
Фор Лејди
+389 75 205 997
Ул. Даме Груев бр. 5 1000, Скопје

Фор Лејди  е компанија која започнала со работа во 1995 година во Скопје со основна дејност производство на женски и детски хулхопки за продажба и извоз на поголеми и помали количини, во и надвор од Македонија. Фор лејди прерасна во бренд кој препознава над 50 активни производи со своите варијанти на бои и броеви. Низ годините иновативноста, иксуството, вложувањето во опрема, унапредувањето на производствените процеси со посовремена технологија  помогнаа да се развијат повеќе брендови и модели на производи кои се основата за секојдневниот совршен изглед на секоја жена. Целта е производство и пласман на што поширок спектар на Македонски производи, препознатливи по оргинален и уникатен модел на изработка кој воедно ќе биде вистинскиот избор на секоја современа девојка и жена.

Орто Дента Ес
+389 78 425327
Ул. Антон Попов бр. 31, 1000 Скопје

Орто Дента Ес е Веледрогерија и Едукативен центар со официјално застапништво за производите на “ORMCO” “Stylage” и “Inno Aesthetic” во Република Македонија, основана во 2012 година. Покрај продажбата на врвни материјали за стоматолошка практика и фацијална естетика, во „Орто Дента ЕС“ едукативниот центар организираме курсеви по ортодонција, орална хирургија и имплантологија, а со помош на нашите партнери организираме и курсеви за апликација на хијалуронски филери и ботулински токсин (Ботокс).

Јована Филиповиќ
+ 389 71 340171
Ул. Васил Главинов 14/1-12 ,1000 Скопје

Јована Филиповиќ е моден дизајнер и моден илустратор од Македонија. Таа го започна својот бренд „Јована Филиповиќ” во 2010 година, кога дипломирала на Академија Италијана. Јована Филиповиќ имаа тенденција да ја портретира и потенцира убавината на едноставноста и чистотата. Користејќи висококвалитетни, природни ткаенини, таа секогаш инсистира да создаде удобна и модерно дизајнирана облека

Virtus Beauty Studio
+ 389 78 436858
Ул. Џумајска 14а - Козле,1000 Скопје

Virtus Beauty Studio е козметички салон  во Скопје. Вработените во студиото имаат повеќе од 7 години искуство во својата работа. Салонот нуди различни услуги, како што се: депилација, масажи, третмани за лице, третмани на тело, третмани на коса, третмани за раце и нозе (маникир, педикир, гел на природни нокти, типсови, наливни нокти со гел, лакирање, масажа на стапала и сл).  Салонот е отворен од вторник до недела . Салонот е раководен од професионален тим во областа на козметичките услуги. Целосна посветеност и професионалност во кој убавината добива нова димензија.

Анекс
+389 2 2780300
Ул.2 бр.153 Визбегово, 1000 Скопје

Анекс е фирма за дистрибуција на производи за широка потрошувачка. Нашите партнери се меѓународни и домашни компании на кои сме им се докажале како квалитетен соработник. Со пратење на модерните трендови во трговијата и прометот на производи за широка потрошувачка, ориентирани сме на принципот активна комерцијала на терен и брз превоз на производите до купувачот. Со вкупно 38 вработени, ја покриваме целата територија на Р.Македонија. Ланци, хипермаркети, супермаркети, помали дуќани, трговци, аптеки се најважните канали за продажба на нашите производи и со самото тоа се наш фокус.

Boulevard Bar & Kitchen
+ 389 70 308 001
Пиринска 28-1/1-2, Центар,1000 Скопје

Ако ги прашаш американците да нè класифицираат, би рекле дека сме aperitivo-bitches. Не сме сигурни дали омилен дел од оваа симпатична италијанска традиција ни е освежителниот, лесен коктел или добрата закуска што доаѓа со него, но веќе со години зборуваме дека на Скопје му фали место со аперитиво, место за пијачка после работа, која нема да мора да падне во празен стомак.Во Boulevard Bar & Kitchen аперитивото започнува во 5 часот, а функционира така што доколку нарачаш некој од нивните коктели добиваш сериозни грицки, се загреваш, за после некое време да преминеш на вечера.

Консалтинг Интер Груп
+ 389 23115-858
www.cig.com.mk

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП е консултантска компанија која врши правни услуги од сите области на правото, со акцент на деловното право. Комплетен правен сервис кој нуди: основање и статусни промени на компании, бизнис и маркетинг планови, правен и економски due diligence, медијација, заштита на интелектуална сопственост, развој, поддршка и посредување на бизниси, како и пристап до финансии.  Пенка Мукаетова, основач и генерален менаџер на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП, континуирано работи на подигнување и развивање на свеста за значењето и потребата од правните консултанти во секојдневното функционирање на бизнисите