„Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Добредојдовте

Националниот совет за женско претприемништво (НСЖП) е прв и единствен совет за женско претприемништво кој делува на национално ниво, формиран преку проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“ – WE Contribute. НСЖП е доброволно, неформално обединување на активни актери од граѓанскиот сектор, креатори на политики и релевантни институции кои дејствуваат во областите на женско претприемништво.

Мисија

Обезбедување на неопходната основа за влијание врз севкупниот развој на женското претприемништво во земјата, вклучувајќи ги процесите на интеграција во ЕУ преку воведување на ефективен механизам за консултации, застапување и влијание.

Визија

Да се создаде синергија на квалитетот и влијание на силнo застапување  на интересите на жените претприемачи пред засегнатите страни на законодавната и извршната власт преку идентификување и препорачување решенија за прашања кои се од суштинско значење за развојот на женското претприемништво во земјата.

Структура

Собрание

Собранието е највисок орган на НСЖП. Собранието на Советот го сочинуваат сите членови на НСЖП. Собранието го избира Претседателството кое е составено од: претседател со мандат од 6 месеци со право на повторен избор, заменик претседател, секретар и уште два члена. Претседателот го застапува и претставува НСЖП. Собранието се состанува по потреба, а најмалку два пати годишно.  Седници на Собрание свикува Претседателот на Собранието по  сопствена иницијатива.  Собранието може полноправно да одлучува  ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број членови. Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните членови.

Собранието ги врши следните работи:

  • Усвојува насоки и план за работа,
  • Констатира прием на нови членови и престанок на членувањето;
  • Избира Претседател на НСЖП;
  • Донесува програма за работа на НСЖП;
  • Расправа за постигнатите резултати од развојот на НСЖП и дава насоки за натамошен развој на Советот;
  • Донесува други одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од интерес на НСЖП.

Претседателство

Претседателството е извршен орган на Собранието кој управува со работата на НСЖП. Претседателството се состои од пет члена: претседател, заменик претседател, секретар и два члена.

Претседател (ротирачка положба меѓу членовите на НСЖП за период од 6 месеци)

Претседателот е одговорен за:

  • Лидерство и визија – Обезбедување на лидерство и пренесување на визијата на НСЖП до тимот и другите засегнати страни;
  • Авторитет – Да има можност да ги започне и да ги завршува сите состаноци навреме и да осигура дека агендата е следена низ целиот состанок;
  • Дискусии – Следење на дискусиите за да се осигури дека тие се релевантни и корисни;
  • Управување со конфликти – Ублажување на сите конфликти кои се случуваат за време на состанокот;
  • Означување на замена – Уредување на друг член да ги преземе овие должности во случај кога претседателот е отсутен од состанокот.

Заменик претседател

Заменик претседател е одговорен за:

  • Лидерство и визија – Обезбедување на лидерство и пренесување на визијата на НСЖП до тимот и другите засегнати страни;
  • Авторитет – Преземање на раководство на советот во случај на отсуство на претседателот, да има можност да ги започне и да ги завршува сите состаноци навреме и да осигура дека агендата е следена низ целиот состанок;
  • Дискусии – Следење на дискусиите за да се осигури дека тие се релевантни и корисни;
  • Управување со конфликти – Ублажување на сите конфликти кои се случуваат за време на состанокот.

 Секретар

Секретарот е одговорен за:

  • Запишување на сите настани, препораки и акциони точки во записникот од секој состанок;
  • Ревидирање и дистрибуција на записници;
  • Одржување комуникација и информации, вклучувајќи и архиви.

 

Членови на претседателството

Членовите на претседателството се одговорни за:

  • Членство – Регрутирање и ориентација на нови членови на НСЖП (во консултација со останатите извршни структури на НСЖП и проектниот тим) и управување со постоечките членови на НСЖП во текот на нивниот мандат, а со цел обезбедување на соодветен континуитет.
  • Информации – Собирање на сите информации што ги бара НСЖП (на пример, пакет за покани /писмо, документи за членови).
  • Распоред – закажување на состаноци и други настани на НСЖП и одржување на евиденција за очекуваното и реално присуство на овие настани.
  • Материјали – Потврдувајќи дека сите материјали потребни за состаноци, вклучувајќи ги и агендите и записниците, се дистрибуираат на соодветен и навремен начин.
  • Комуникација – Олеснување на комуникацијата помеѓу НСЖП и проектниот тим.
Активности на советот

Членовите на НСЖП се очекува да придонесат кон работењето на советот преку:

  • Заедничко помагање и соработка за подобрување на координацијата на активностите поврзани со прашањата на женското претприемништво;
  • Создавање на синергија на квалитет и влијание на силно застапување на интересите на жените претприемачи пред засегнатите страни на законодавната и извршната власт;
  • Овозможување на вмрежување на жените претприемачи на национално и меѓународно ниво;
  • Мониторирање на стратешки, политички и законодавни документи за женското претприемништво;
  • Споделување и изготвување на едукативни програми и канали на информирање на битни настани во областа на женското претприемништво;
  • Идентификување и промовирање на добри практики.

Во таа насока, Националниот совет за женско претприемништво го подготви првиот Акциски план со кој ќе допринесе кон идентификување и препорачување на решенија за прашања од клучно значење за развојот на женското претприемништво во земјата.

Акцискиот план на Националниот совет за женско претприемништво предвидува активности во три приоритетни области:

  • Приоритетна област: 1. Деловно опкружување, застапување интерес
  • Приоритетна област: 2. Вмрежување
  • Приоритетна област: 3.Образовни програми, информирање

Како цели кои се издвојуваат од овие приоритетни области се наведуваат следните:

Цел 1: Создавање на поволно деловно опкружување во коешто се поттикнуваат да се вклучат жените претприемачи, зголемување на свеста на жените претприемачи за придобивките од застапување на свој интереси овозможување на нивно учество во процесот на донесување на одлуки

  • Цел: 1.1 Зголемен пристап до информации за деловно опкружување и вклучување во претприемништво
  • Цел: 1.2 Зголемено учество на жените претприемачи во процесот на застапување

Цел 2: Подобрување на квалитетот на постојаните услови за вмрежување и унапредување на достапност на жените претприемачи и граѓански организации за полесно вмрежување и бизнис партнерства

  • Цел: 2.1 Зголемен број на настани кои ќе овозможуваат  вмрежување на жените претприемачи
  • Цел: 2.2 Обезбедени можности за бизнис партнерства помеѓу жените претприемачи

Цел 3: Зголемена достапност на можности за учество во образовни програми и информации за можностите за жените претприемачи и граѓански организации  на кои тие може да дејствуваат/влијаат во својата околина

  • Цел: 3.1 Обезбедени образовни програми за јакнење на капацитетот на граѓанските организации
  • Цел: 3.2 Воспоставени  механизми за подобрување на пристапот до информации за жените претприемачи на национално ниво
  • Цел: 3.3 Зголемување на протокот на информации помеѓу НСЖП и граѓанските организации

Причината за изготвување на ваков документ доаѓа од потребата за реализирање на активности кои ќе одговорат на моменталните потреби и ограничувања со кои се соочуваат жените претприемачи како и релевантните тела кои работат со оваа тема. Преку ова Акцискиот план на Национален совет за женско претприемништво ќе овозможи создавање на синергија на квалитет и влијание на силно застапување на интересите на жените претприемачи пред засегнатите страни на законодавната и извршната власт. Преку промоција на добри практики од страна на Советот ќе биде овозможена подобра координација на активностите поврзани со прашања  за женското претприемништво како и ќе биде овозможен пристап за споделување и изготвување на едукативни програми и канали на информирање на битни настани во областа на женското претприемништво.  На тој начин, Акцискиот план на Национален совет за женско претприемништво ќе овозможи мрежно поврзување на жените претприемачи на национално и меѓународно ниво.