„Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Виртуелен настан за врежување -WEgate Annual Summit 2020

Enterprise Europe Network – Македонија (EEN-M) во соработка со WEgate  (https://wegate.eu/) платформата на Европската комисија за поддршка на женското претприемништво  организираат б2б настан за вмрежување во рамките на WEgate Годишниот самит 2020, што ќе се одржи како виртуелен настан на 10-ти декември 2020 година. Настанот претставува уникатна можност за жените претприемачи и организациите кои работат на полето на  женско претприемништво да воспостават соработка со бизнис партнери и соработници од цела Европа.

WEgate Годишниот самит 2020 претставува еден од клучните настани за женско претприемништво на европско ниво, место на кое присуствуваат клучните чинители  од екосистемот за поддршка на женското претприемништво, со посебен фокус на носењето поинклузивни политики и програми за уривање на бариерите со кои се соочуваат жените при започнување или развивање на нивниот бизнис. Се очекува присуство на повеќе од 200 делегати од јавниот сектор, мрежите, платформите и програмите на полето на женското претприемништво, понатака комори и здруженија, финансиски организации, медиуми, како и академски и други видови институции кои работат во области поврзани со женското претприемништво.

Зошто да учествувате:

  • Да стапите во контакт со различни експерти од областа на женското претприемништво, да ја проширите  својата меѓународна мрежа на контакти и да воспоставете значајни партнерства;
  • Да запознаете други жени претприемачи, но и организации во полето на женско претприемништво, да пронајдете потенцијални деловни партнери со учество на однапред закажани еден-на-еден состаноци;
  • Да се инспирирате и мотивирате, како и да научете за програмите за поддршка и добрите практики;
  • Да ги истражите можностите за раст на вашиот бизнис  на меѓународно ниво.

Учеството на виртуелниот настан вклучува:

  • Персонализиран распоред на состаноци (претходно договорени 20-минутни онлајн еден-на-еден состаноци)
  • Информативен пакет обезбеден на денот на настанот
  • Деловна помош од партнерите на Enterprise Europe Network пред, за време и по настанот.

Како да се регистрирате: https://wegate-summit.b2match.io/
Состаноците ќе се одржуваат виртуелно и ќе бидат договорени однапред преку оваа веб-страница.
Учеството на настанот не се наплаќа.

Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891