„Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Вебинар на тема „Поддршка на жените претприемачи во време на КОВИД-19“

На 07ми јули 2020 се одржа првиот вебинар на тема „Поддршка на жените претприемачи во време на КОВИД-19“.

Кризата од COVID-19 предизвикува глобално економско забавување. Жените претприемачи се особено погодени и имаат потреба од ефективна поддршка сега повеќе од кога и да било. Тие краткорочно ја насочуваат, адаптираат и пренаменуваат својата деловна активност, додека имаат голема потреба за подобри можности за обука, финансиска поддршка и помош при планирање и реструктуирање на деловните активности.

На вебинарот, зборуваа експерти во полето на женско претприемништво од различни меѓународни организации и учествуваа над 60 жени претприемачи од цела Европа, беа презентирани мерките воведени од страна на различните засегнати страни за женско претприемништво како поддршка во нивните  бизниси за време на КОВИД- 19 криза.

Учесниците беа вклучени во вебинарот, со што се докажа дека жените претприемачи се особено погодени од економските последици од пандемијата и сега имаат потреба од ефективна поддршка повеќе од кога и да било.

Ако го пропуштивте овој вебинар и/или сакате да го гледате повторно, можете да го најдете подолу.