„Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Успешно реализирана завршната конференција за проектот ,,Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка на иновации (InnoSupport)”

Завршната конференција за проектот ,,Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка на иновации (InnoSupport)”  на која учество земаа 50 претставници од граѓанскиот сектор, институции и компании се одржа на 06ти јуни 2019 година во ЕУ Инфо Центар, Скопје. Проектот е финансиран од Европската унија,  имплементиран од страна на Фондација за Претприемачки сервис за млади во партнерство со Фондација за менаџмент и индустриско истражување и АРК Фонд од Бугарија.

На конференцијата беа споделени постигнатите резултати и придобивки од овој проект, беа презентирани алатките кои беа изготвени: онлајн курс за иновациски менаџмент, водич со основни алатки за поддршка на иновации, водич со можности за финансирање на иновации и првата мобилна апликација која ги информира компаниите за понудата и побарувачката на иновативните технологии на светско ниво а обезбедува и олеснет трансфер на иновативни технологии.

Конференцијата беше проследена со две панел дискусии, во првата панел дискусија  учество земаа претставници од компаниите победнички на Националниот натпревар ,,Иновативно претпријатие на годината 2019” дискутирајќи на тема ,,Интерни и екстерни предизвици за развојот на иновациите’’. Втората панел дискусија беше на тема ,,Иновациите – перспектива за економскиот развој” каде учество земаа претставници од иновацискиот еко-систем.

Во целиот период на имплементација на проектните активности беше извршено пилотирање на онлајн курс за иновациски менаџмент со 30 компании, студенти и бизнис консултанти, имплементирана дводневна обука за европската програма Хоризонт 2020 за 25 компании, тридневна обука за инструментот за мали и средни претпријатија (МСП Инструмент) за 15 компании и доделена национална награда за најдобрите иновативни компании “Иновативно претпријатие на годината 2019”.