„Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

“Секоја добиена награда на АСПЕКТ, вклучувајќи ја  и оваа „Иновативно претпријатие на годината 2019“, има посебно значење и место во воздигнувањето на АСПЕКТ пред останатите  кое не прави и препознатливи во она што најдобро знаеме да го работиме” – Александар Ивановски, Менаџер партнер на АСПЕКТ

Националниот натпревар „Иновативно претпријатие на годината“ е признание кое се доделува на иновативни македонски претпријатија кои успешно лансирале иновација во своето работење. Конкурсот има за цел да промовира успешни бизнис модели и достигнувања базирани на иновации и нови технологии од македонски компании во сите индустриски сектори. Во конкуренција на 31 компанија кои зедоа учество на националниот натпревар, беа одбрани најдобрите компании од три категории кои добија признание за успешност и парична награда од 200.000 денари, средства обезбедени од град Скопје.

Во категоријата најиновативна мала компанија, наградата ја понесе АСПЕКТ со иновацијата „Дигитален онлајн финансиски сервис“. Иновативното решение на компанијата е имплементирано на пазарот во Мадагаскар и е нова и единствена услуга од овој тип во поголем дел од Африканскиот регион.

Во продолжение следува интервју со г-дин Александар Ивановски, Менаџер партнер на АСПЕКТ

Кои услуги ги нуди вашата компанија?

АСПЕКТ е компанија за развој на софтвер и ИТ консултантска компанија која испорачува флексибилни, скалабилни и интегрирани софтверски решенија, составени во рамките на Aspekt Product Suite специјализирани за сегменти од финансиската индустрија- Aspekt Banking Software, Aspekt Microfinance Software, Aspekt Leasing Software, Aspekt CRM Software, Aspekt Insurance Broker Software, во главно за извоз на европски, азиски и африкански пазар.Што е тоа што ве прави препознатливи и ја издвојува вашата компанија од конкуренцијата?

За софтверската индустрија АСПЕКТ креира стандард на висок технолошки квалитет и постојана интеграција на современи технолошки алатки во финансиската индустрија. Со јасен фокус и голема експертиза во развојот на софтвер, АСПЕКТ се стреми кон испорака на високо квалитетни софтверски решенија и ИТ услуги кои ги адресираат специфичните потреби на клиентите и им помагаат во исполнувањето на стратегиските цели со помош на ефективни и ефикасни пристапи.

 

Добитник сте на признание и награда за ,,Иновативно претпријатие на годината 2019”, во категорија мала компанија на национален натпревар. Кои се вашите импресии од натпреварот и стекнатото признание?

Благодарност до организаторите и комисијата за препознавањето и наградата за иновативноста на АСПЕКТ за „Иновативно мало претпријатие за 2019 година“. Секоја добиена награда на АСПЕКТ, вклучувајќи ја  и оваа, има посебно значење и место во воздигнувањето на АСПЕКТ пред останатите  кои не прави и препознатливи во она што најдобро знаеме да го работиме. Искрено се надеваме АСПЕКТ ќе биде мотив и за останатите софтверски компании да почнат да вложуваат повеќе ресурси во технолошки развој на своите производи, а се со цел да се понуди подобра услуга кон крајните корисници.

 Кои се вашите мотив и инспирација за спроведување на иновација од ваков тип?

Мотивот е всушност и самата визија на АСПЕКТ да континуирано  го следи технолошкиот развој и потребите на финансиската индустрија, која во овој период доживува експанзија во поглед на понудените услуги и канали кои се користат за поврзување на крајните корисници со финансиските организации. За таа цел, АСПЕКТ работи на градење на концепт за нови верзии на финансиската платформа и нови функционалности.

Кои се идните планови за вашата компанија? Што понатаму на полето на иновацијата која ја спроведувате?

Нашата мисија е насочена кон постојано иновација и подобрување на софтверската платформа и користење на технологии кои можат да влијаат за  подобри оперативни резултати за нашите клиенти преку поголема флексибилност на корисничката страна и брза интеграција на спецификите на индустријата.