„Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Се означи почетокот на новиот проект за женско претприемништво “WE -CONTRIBUTE“

 


 

На 6-ти февруари 2018 (вторник), во Хотел Порта во Скопје со почеток од 13 часот, се обележа почетокот на проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute).
На настанот земаа присуство околу 85 учесници вклучувајќи и релевантни претставници од владиниот и граѓанскиот сектор. Проектниот менаџер од МИР Фондација, г-ѓа Емилија Андонова ја отвори оваа конференција со презентирање на планираната богата проектна програма. Истата вклучува:

  • Обуки, советување, менторски сесии, онлајн курсеви за развој на вештини
  • Формирање на првиот Национален совет за женско претприемништво
  • Креирање на web-портал за информации поврзани со женско претприемништво
  • Снимање видео со жени претприемачи
  • Водич за граѓански организации и промотивни брошури

Г-ѓа Валентина Дисоска од Здружение на бизнис жени зборуваше за важноста на проектот за развојот на женското претприемништво и очекувани резултати, додека пак Г-ѓа Мери Ен Рукавина Ципетиќ од GTF – Иницијатива за одржлив развој ги презентираше политиките за женско претприемништво и улогата на граѓанскиот сектор во Република Хрватска.

Сите овие активности ќе бидат распоредени во периодот што следува, заклучно до декември 2018, а сите заинтересирани ќе може да ги најдат релевантните информации на оваа веб- страна.

Проектот ќе биде имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.