„Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Реализирана финална конференција за вмрежување на тема: „Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ”


Финалната конференција за вмрежување на тема: Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ”, на која учество земаа 200  претставници од организации, владини институции и жени претприемачи од компании од Македонија и Хрватска, се одржа на 19ти и 20ти ноември 2018 година во Хотел Холидеј Ин, Скопје. Оваа конференција е дел од проект „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика – We-Contribute”. Бидејќи на овие датуми се прославува и Светскиот ден за женско претприемништво, првиот Национален совет за женско претприемништво го прослави овој ден истакнувајќи ја важноста за оваа тема како и честитајќи им на сите присутни за успесите и придобивките кои ги реализираат секоја година во оваа област.

Развиено женско претприемништво е доказ за успешноста на една држава, а главен показател за успехот на една држава е колку жените во бизнисот се успешни. Во постигнување на подобри резултати на тој план важно е вмрежување меѓу жените претприемачи. Ова беше истакнато на денешната завршна конференција за вмрежување.


  

 


Конференцијата за вмрежување  содржеше:

  • 4 панел дискусии со претставници од различни Министерства, институции, организации и компании
  • дискусии помеѓу присутните претставници од различни институции и организации и жени претприемачи кои се битни за претприемништво.
  • Б2б средби помеѓу жени претприемачи
  • презентација за реализираните активности на проектот како и презентација на ресурси креирани за време на проектот (онлајн курсеви, веб портал и водич за граѓански организации)


Во отварањето на конференцијата свое излагање имаше и Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостоловска која истакна дека определбите на Владата за позитивни економски резултати, остварување на одржлив раст и развој дава еднакви можности за сите бизнис-иницијативи вклучувајќи го и женското претприемништво, што се постигнува и преку градењето на институционалниот однос кон жените претприемачи. Во тој контекст Апостоловска покрај зголемувањето во буџетот за 2019-та од 37 проценти на средствата за конкурентност, исто така ја издвои важноста на владиниот документ – Стратегија за женско претприемништво 2019-2023 која е во финална процедура.


Првата панел дискусија беше на тема:  Вклученоста на владините институции во можности за поддршка и развој на женското претприемништво  

Говорниците во оваа панел дискусија кои имаа свое излагање беа претставници од Министерства во РМ и владини институции:

  • Г-ѓа Сања Саздовска, Државен советник национален координатор за репродуктивно здравје во Министерство за здравство
  • Г- ѓа Елизабета Тодорова, Раководител на одделение за претприемништво и конкурентност на МСП во Министерство за економија
  • Г-ѓа Ѓултен Мустафова, Раководител на сектор за еднакви можности во Министерство за труд и социјална политика
  • Г– ѓа Виолета Стојановиќ, Соработник за активни мерки за вработување во Агенција за вработување на Република Македонија

Втората панел дискусија беше на тема:  Важноста на граѓанските организации за ЕУ интегративните процеси во полето на женското претприемништво

Говорниците во оваа панел дискусија кои имаа свое излагање беа претставници од граѓански организации, комори и конфедерации:

  • Г-ѓа Драгица Јерков, Здружение на бизнис жени Круг, Хрватска
  • Г-ѓа Данела Арсовска, Сојуз на стопански комори на Македонија
  • Г-дин Радмил Поленаковиќ, Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење
  • Г-дин Миле Бошков, Бизнис конфедерација на Македонија
  • Г-дин Ѓоко Вукановски, Организација на работодавачи на Македонија

Третата панел дискусија беше на тема:  Придобивките и предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачи

Говорниците во оваа панел дискусија кои имаа свое излагање беа претставници од бизнис сектор:

  • Г-ѓа Пенка Мукаетова – Консалтинг интер груп,  Кавадарци
  • Г-ѓа Сузана  Наумоска  – Изида Охрид
  • Г-ѓа Тања Дејаноска – Дентал интернационал – Дејаноски
  • Г-ѓа Билјана Индова – Пхарма Линк Б&ГП
  • Г-ѓа Весна Апостолоска – Мали нешта Скопје

Четвртата панел дискусија беше на тема:  Искуства и успешни приказни во поддршка на женското претприемништво

Говорниците во оваа панел дискусија кои имаа свое излагање беа претставници од граѓански организации:

  • Г-ѓа Мери Ен Рукавина Ципетиќ –ГТФ Иницијатива за одржлив раст, Хрватска
  • Г-ѓа Маја Лукарова  – Претприемачки сервис за млади (ПСМ)
  • Г-ѓа Елена Мишевска –Здружение на бизнис жени
  • Г-ѓа Емилија Митевска –Фондација за менаџмент и индустриско истражување