„Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Преку Enterprise Europe Network во Македонија добиен грант за организирање на настан во рамките на “EIT Food Start-Up Awareness Event

Enterprise Europe Network во Македонија овозможува споделување информации и советување, проследување активни настани за поврзување со доверливи меѓународни партнери како и добивање на информации за можностите кои се на располагање за програми и финансирање од страна на Европската унија. Помагајќи им да ги претставуваат своите производи и услуги надвор од државата како и стекнување на соработници на долг рок, Enterprise Europe Network во Македонија воспоставува соработки преку советодавните услуги кои ги нуди, барањето на странски партнери и пристап до програми за истражување и развој.
Европски институт за иновации и технологија – Секторот за храна (EIT Food) отвори повик за изразување интерес за организирање на настан за подигање на свеста за храната, како една од најголемите и највлијателните иницијативи поврзани со храната ширум светот. EIT Food поврзува партнери од водечки бизниси, универзитети и истражувачки центри низ Европа кој ја поттикнува довербата на потрошувачите и го подобрува глобалното здравје.

Во конечната листа на избрани организации се најде и Земјоделски институт, кој доби грант за организација на дводневни настани благодарение на поддршката која беше дадена од страна на тимот на Фондација за Менаџмент и Индустриско Истражување како дел од услугите кои ги нуди Enterprise Europe Network во Македонија.
‘’Тимот на Фондацијата за Менаџмент и Индустриско Истражување при ЕЕН-Македонија ни помогна со сите информации и насоки од процесот на аплицирање до самото имплементирање на настаните и добиениот грант. Многу ни значи да имаме експерти посветени на својата работа, а во исто време добиваме услуга која е бесплатна“, вели Проектниот координатор од Земјоделски институт, сумирајќи го своето искуство од добиената поддршка во овој процес.

Благодарение на добиениот грант за организирање на настани во рамките на ‘’EIT Food Start-Up Awareness Event беа спроведени два еднодневни  настани:
,,Форум за адаптација кон климатските промени и можности за  start-up бизниси во земјоделството’’ – Главна тема на настанот беа моменталните состојби на глобално и локално ниво во поглед на импликациите од климатските промени, а беа презентирани и одржливи практики кои треба да се применуваат во земјоделското производство, со цел поголема адаптација на секторот кон влијанијата од климатските промени.
,,Форум за зелени start-up идеи’’ – Главна цел на форумот беше да се мотивираат млади фармери и студенти да развиваат иновативни идеи од областа на одржливите практики во земјоделството и истите да ги преточат во можност за сопствен start-up бизнис. Учесниците во интерактивната работилница имаа шанса да присуствуваат на серија предавања од областите на иновациите и претприемништвото во земјоделството, потоа на темата како да се започне свој бизнис, ги развиваа своите идеи користејќи го бизнис моделот Канвас и на крај се здобија со знаења како најдобро да ја презентираат идејата до потенцијален инвеститор.