„Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Креиран првиот онлајн курс за иновациски менаџмент
  • Јакнењето на капацитетите за иновации на малите и средни претпријатија преку обезбедување пристап до нови знаења и вештини е стратешки приоритет на Националната стратегија за мали и средни претпријатија (2018-2023). Токму поради тоа, Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување го лансира првиот онлајн курс за иновациски менаџмент на македонски јазик кој ќе им помогне на малите и средни претпријатија како и на идните претприемачи да ги зајакнат своите вештини за преземање иновациски проекти.

 

  • Составен од десет модули, секој модул содржи интерактивно видео кое детално разработува одредена тема и тест за проверка на знаењето на слушателот. Курсот обезбедува можност да се навлезе подетално во областа на иновациите, која е нивната суштина, предностите кои иновациите ги создаваат за локалната економија, но исто така нуди и насоки за начинот на генерирање на идеи, како да се стимулира иновативноста кај тимот во една компанија, процесот на развој на нови иновативни производи и др.

 

  • Од особена важност се исто така и насоките кои се обезбедени за начинот на заштита на интелектуалната сопственост. Преку активно следење на курсот, претприемачите ќе се здобијат со познавање од различните форми на интелектуалната сопственост како и од процедурата на заштита на сопственоста во Република Македонија.

 

  • Во исто време, курсот нуди сепфатен приказ на важноста која иновациите ја имаат за националната економија. Претприемачите ќе бидат запознаени со сите чинители и инструменти кои го сочинуваат екосистемот за поддршка на иновациите и претприемништвото во Република Македонија.

 

  • Следењето на онлајн курсот е бесплатно. Сите заинтересирани можат да го следат курсот регистрирајќи се на едукативната платформа http://pretpriemacedu.mk/.

 

  • Курсот за иновациски менаџмент е креиран во рамки на проектот „Јакнење на конкурентноста на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“ кој има главна цел да придонесе кон креирање на силна иновациска клима во државата преку промовирање на концептот на иновативни бизниси.

 

  • Проектот е имплементиран од страна на партнерските организации Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и АРК Фонд (Applied Research and Communications Fund – ARC Fund) од Бугарија.