„Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Компанија од Велика Британија воспостави соработка со македонска компанија преку нивно учество на B2B платформата Fashion match supply 2021

Enterprise Europe Network во Македонија нуди можности за македонските компании во делот на споделување информации и советување, проследување активни настани за поврзување со доверливи меѓународни партнери како и добивање на информации за можностите кои се на располагање за програми и финансирање од страна на Европската унија. Помагајќи им да ги претставуваат своите производи и услуги надвор од државата како и стекнување на соработници на долг рок, Enterprise Europe Network во Македонија воспоставува соработки со македонските компании преку советодавните услуги кои ги нуди, барањето на странски партнери и пристап до програми за истражување и развој.

 

Преку промоција на виртуелните настани, обезбедува учество за македонските компании на различни настани притоа поврзувајќи ги македонските компании со партнери од странство. Учеството на виртуелниот настан ‘Fashion Match Supply 2021’ овозможи потенцијална соработка помеѓу македонската компанија СОЛС и британската компанија Вондер Индустри. Една од главните активности на СОЛС е студиото за дигитална трансформација во текстилната индустрија наречено СолЕкс (SolX), кое ги обединува домените на  знаења за текстил со долгогодишното искуство во дигитален дизајн и развој на софтвер, нудејќи ги на едно место сите дигитални услуги и решенија што може да и бидат потребни на текстилната индустрија. Македонската компанија се истакнува со индустриски специфични софтверски решенија достапни како услуга во следната форма: Онлајн 3Д конфигуратор за облека, апликации за виртуелна реалност за презентации на текстил, веб системи за соработки со компании (B2B) и со крајни корисници (B2C), специјално прилагодени за начинот на работа во текстилната индустрија. СолЕкс (SolX) нуди и дигитални услуги засновани на претплата, како што се: сопствен дизајн на облека во 3Д, продукција на видео и анимација на облека, дизајн на целосни колекции, дигитализација на шаблони, изработка на tech-pack од моделите потребни за производство во фабрика, како и припрема на продажни презентации со сите овие елементи.

 

Овој настан им овозможи на СОЛС да се приклучат на онлајн платформа за побарувачка и понуда на различни видови услуги во секторот на текстилна индустрија. Платформата е креирана од старт-ап компанијата Вондер Индустри. СолЕкс (SolX) стана член на заедницата на платформата, отвори сметка и профил на платформата и ги постави информациите потребни за презентирање на нивните дигитални услуги на увид на другите членови на платформата.

 

,,Присуството како снабдувач на услуги на платформата се наплатува врз основа на процент на профит остварен преку платформата, што е погоден модел за нас. Предноста што ја гледаме на оваа платформа е тоа што повеќето добавувачи нудат стандардни текстилни услуги и производи, произведени во производство, а ние нудиме дигитални услуги за текстилната индустрија заедно со само уште неколку членови, така што немаме голема конкуренција. Оваа онлајн платформа е нешто ново и привлечно, ги води членовите на индустријата кон нивната дигитална трансформација која им е тотално потребна, а нашите услуги се тотално компатибилни со овие потреби, така што навистина се надеваме дека сме во вистинска насока. Значи, го креиравме нашиот профил на платформата, ги додадовме сите информации потребни за презентација, опис и цени на нашите услуги, и сега чекаме интерес и побарувачка од нив. Морам да го изразам моето задоволство во врска со Enterprise Europe Network за  организацијата и концептот за Fashion Match Supply 2021 настанот кој го спроведоа многу професионално– изјави Ирена Поповиќ, партнер во СОЛС