„Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика" WE-Contribute

15ти Интернационален бизнис настан за вмрежување на Hannover Messe

Датум: 1-5 април 2019

Локација: Хановер, Германија

HANNOVER MESSE е еден од најголемите индустриски саеми во светот кој вклучува широк спектар на теми како што се истражување и развој, индустриска автоматизација и ИТ, индустриска понуда, производствен инженеринг и услуги, како и енергетска и еколошка технологија. Можноста за развивање нови продажби во други сектори, уникатниот пристап до нови производи и технологии и големото меѓународно присуство секоја година привлекуваат изложувачи и посетители од целиот свет.

Deutsche Messe во соработка со Global Business & Markets од 1-5 април го организираат официјалниот настан за вмрежување кој ќе вклучува 5 дена организирани 30-минутни бизнис состаноци од сите области присутни на саемот, во посебен простор, професионална асистенција на место и можност за интернационално вмрежување. Овогодинешните бизнис средби имаат за цел да ја нагласат улогата на дигитализацијата во индустријата преку учеството на професионални од областа.

Повеќе информации и регистрација на следниот линк:
http://www.b2fair.com/hannovermesse2019/Home/Index/1

Контакт лице:

Александар Филипоски 
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk  
Тел: +389 (0) 2 3108891